Домашна пилешка паштета 1

Домашна пилешка паштета

Штом е предлог од Катерина, без никаков сомнеж знаеме дека е супер! Споделуваме и тоа со големо задоволство, рецепт за домашна пилешка паштета која има „способност“ да ви го подобри денот, да ви го разубави појадокот!

Кате и сама ни потврди: „Топло ви го препорачувам овој рецепт за домашна едноставна, но многу вкусна паштета. Со пилешко многу ни се допадна, следен пат ќе пробам со мисиркино и телешко.“

Домашна пилешка паштета 2

Може да ве интересира: Домашна паштета од печурки и ореви.

Состојки:

  • 300 гр пилешки гради
  • 1 голема или 2 помали главици кромид
  • 2 моркови
  • неколку гранчиња магдонос
  • 1 чешне лук
  • неколку зрна коријандер
  • 30 гр путер.

Подготовка:

  1. Месото исечете го на парчиња и заедно со кромидот и морковите ставете го да се вари.
  2. При крај на варењето додајте го магдоносот.
  3. Свареното месо и зеленчук процедете ги и ставете во блендер.
  4. Додајте ги лукчето, зрната коријандер и путерот.
  5. Убаво изблендирајте, со додавање на малку од водата во која е варено месото.
  6. На крај посолете и затворете во тегличка. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Здрав намаз – домашна паштета од маслинки.

Сподели: