елка од овошје мала

Елка од овошје – хит идеја за новогодишната трпеза

Направете ги празниците уште поубави и повесели! Внесете радост на трпезата и нови креативни идеи при сервирањето на храна. Овие празници направете елка од овошје!

Ако се храневте здраво преку целата година, вежбавте и во ниту еден момент не отстапивте од здравиот животен стил, прославете на ист начин со највкусната и здрава елка. А еве како може да ја направите:

Потребни состојки и материјали:

  • ½ зелка
  • 1 поголем морков или дајкон
  • овошје по избор (киви, јагоди, грозје, јаболка, мандарини…)
  • чепкалки
  • листови нане или маточина
  • шлаг пена по желба.

Подготовка:

  1. Во средината на зелката исечете отвор во кој ќе го поставите морковот. При сечењето внимавајте да не исечете поголем отвор. Постапката погледнете ја на видеото.
  2. Овошјето исечете го на парчиња во желба. Може да направите ѕвезди, срца. Во секое парче ставете чепкалка.
  3. Започнете со редење на елката, од долниот дел, односно од зелката кон врвот. На врвот поставете ѕвезда. Вкусната елка од овошје ставете ја во чинија, долниот дел декорирајте го со листови нане или маточина и послужете ја.

Идеи плус:

  • Шлаг пената пригответе ја според упатството и поставете ја во чинија. Во чинијата ставете ја и елката. Уживајте во вкусната овошна салата и празниците.
  • Елката може да ја направите и од зеленчук. Користете брокула, карфиол, шери домати, пиперки, краставици…

Ви препорачуваме да прочитате: 3 лесни новогодишни декорации со видео упатство.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: