Ви се најавиле гости, па сакате да спремите некое брзо и вкусно мезе кое сите го обожваат? Или пак сакате да го изненадите семејството со нов рецепт? Имаме одличен предлог за вас! Направете зачинети похувани печурки и послужете ги со тартар сос.
Сте пробале ли похувани печурки? Одлични се за мезе со пријателите и чаша пиво. Покрај похувани печурки ви предлагаме чинијата да ја збогатите со похувани прстени кромид, пилешки прсти, похуван кашкавал, печени похувани тиквички и похувани маслинки. А за поздрава варијанта, наместо со пржење, пробајте да ги испечите во рерна. Интересен предлог, нели?

Состојки:
- 450 до 500 грама шампињони
- 1 чаша лебни трошки
- ½ чаша брашно
- 2 јајца
- 1/8 чаша млеко
- ½ мала лажичка сушено оригано
- ½ мала лажичка лук во прав
- ¼ мала лажичка црвена пипер
- ½ мала лажичка црн пипер
- сол
- ¼ мала лажичка буковска пипер
- ¼ мала лажичка сушен босилек
- ¼ мала лажичка мајчина душица
- масло за пржење.
Подготовка:
- Исчистете ги печурките и попрскајте ги со малку сол.
- Во еден сад ставете го брашното, ориганото, лукот во прав, црвената пипер, црниот пипер, солта, буковската пипер, босилекот и мајчината душица. Измешајте ги убаво.
- Во друг сад ставете ги јајцата и изматете ги со млекото.
- Во чинија ставете ги лебните трошки.
- Печурките убаво извалкајте ги во садот со брашното и зачините. Потоа, ставете ги во садот со матени јајца и на крај извалкајте ги во лебните трошки. Припремените печурки ставете ги во чиста чинија, додека ја завршите постапката со сите печурки.
- Во тава ставете поголема количина на масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги печурките и пржете ги за време од 6 до 10 минути. Пржените похувани печурки извадете ги врз чинија обложена со кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Послужете ги со тартар сос или зазики сос. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Печени печурки со лук и мајчина душица.