Здравите и вкусни десерти се секогаш пријатна тема и инспирација за да ги објавиме, а на нашите пријатели и соработници кои споделуваат убави идеи, им упатуваме големо благодарам! Така, во оваа прилика споделуваме рецепт за здрави чоколадни плочки од кујната на Катерина. Испробани ни се и многу вкусни, а одлични се и за носење со себе на работа или на излет.
Во каква и да е ситуација или пак ако едноставно сте обожававател на десерти, а сакате да внимавате на здравјето и да не претерувате со шеќерите, овие чоколадни почки со овес ни снегулки и бадеми се одличен избор за вас.
Може да ве интересира: Домашни здрави енергетски плочки.

Состојки:
- 200 гр темно чоколадо (50% какао)
- 100 мл млеко
- 100 гр интегрални овесни снегулки
- 100 гр сечкани бадеми
- 30 гр путер.
Подготовка:
- Прво ставете го млекото да се загрее, а потоа додајте го чоколадото и мешајте додека убаво се растопи.
- Откако чоколадото ќе се растопи, додајте ги путерот, овесните снегулки и сечканите бадеми.
- Измешајте убаво.
- Смесата турете ја во силиконски калап или обичен калап обложен со најлонска фолија.
- Оставете да отстои неколку часа во фрижидер, а потоа може да сечете форми по желба.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Гранола бар од здрави состојки – лесен домашен рецепт.