Разубавете ги зимските денови со топол пунч од портокали! Богат вкус, преплетен со ароми на рум, ванила и цимет.
Рецептот ни доаѓа на предлог на Бетина, која го објави на својот блог – Зготвено со љубов, рецепти од мојата кујна. Веруваме дека рецептот ќе ви се допадне, па затоа ви предлагаме да го следите блогот и на Facebook.

Состојки:
- 250 мл црн или зелен чај
- 4 портокали
- 4 лажици рум
- ¼ стапче ванила
- 1 капсула кардамом
- на врв нож цимет
- по желба кандис или обичен шеќер.
Подготовка:
- Портокалите исцедете ги.
- Сокот од портокали измешајте го со веќе подготвениот чај, а потоа додајте го и румот.
- Семето од кардамом изгмечете го со толчник.
- Изгребете го средишниот дел од ванилата и додадете ја заедно со другите зачини во пунчот.
- Загрејте ја течноста до момент пред да започне со вриење. Зимскиот пунч од портокали послужете го топол со парче портокал. Засладете по желба.
Ви предлагаме да прочитате: Пијалак од вино со јаболко и круша.