Драги наши читатели, во пресрет на Светскиот ден на храната (16 октомври), во соработка со American Corner од Битола со големо задоволство го најавуваме интерактивното предавање „Моето искуство: Како да јадеме здраво?“
Предавањето ќе се одржи во вторник, 16 Октомври, со почеток од 18:00 часот во просториите на Американското катче во Битола (Центар за култура).

На предавањето ќе ги размениме нашите мислења и искуства за храната, со цел подобрување на здравјето и постигнување на добри навики. Влезот е бесплатен, а поканети сте сите. Со оглед на ограничениот број на места, ве замолуваме да го потврдите вашето присуство на email: americancornerbitola@gmail.com или на телефон: 047/203 326.
Се гледаме во вторник,
Сѐ за храна и American Corner Bitola