Ги обожаваме овошните десерти затоа што се освежителни. Еве еден супер рецепт за колач со кандирано овошје. Треба да се проба!

Состојки:
- 225 г брашно
- 150 г путер
- 140 г шеќер
- 2 јајца
- 100 мл млеко
- кандирано овошје по желба.
Подготовка:
- Во сад за матење, заедно се матат путерот и шеќерот.
- Потоа, се додаваат јајцата едно по едно, со постојано матење.
- Се додава млекото и сè убаво се мати за да се добие хомогена смеса.
- Кандираното овошје ситно се сечка и се додава во смесата. Се меша со шпатула.
- Вака подготвената смеса се става во претходно подмачкан и набрашнет правоаголен калап.
- Се пече на 180°С, за време од 40 минути.
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден колач.