Колку ги обожаваме! Мали, симпатични, киселкасти, но слатки. Има толку многу вкусни рецепти кои можат да се направат со рибизли. На блогот на нашата пријателка Лана наидовме на супер идеја за десерт во облик на корпички со сладолед и рибизли.
Овој десерт е навистина декоративен и освежителен. Децата ќе го обожаваат, но и сите останати. Ем вкусно, ем лесно. Вреди да се проба!

Состојки:
- 1 пакување лиснато тесто од 500 г
- 1 жолчка од јајце
- сладолед од ванила по потреба
- рибизли или некое друга бобинкасто овошје по желба.
Подготовка:
- Лиснатото тесто развлечете го во кора со дебелина од 5 мм и со помош на калап или чаша извадете кругови со пречник од 8 см.
- Круговите избројте ги, а потоа поделете ги на два дела по број. Едниот дел искористете го како основа за корпите.
- Земете помала чаша со пречник 5 см. Со неа, пречете ги преостанатите кругови од лиснато тесто во средината, така што ќе добиете тесто во облик на прстен.
- Полните кругови наредете ги на намрсен плех и премачкајте ги со малку вода. Врз секој круг ставете по еден прстен од тесто. Вака оформените корпички премачкајте ги со жолчка од јајце.
- Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути или додека поруменат.
- Откако корпичките ќе се испечат оставете ги да се изладат.
- Непосредно пред сервирање во секоја корпичка ставете по 1 мала лажичка сладолед од ванила и декорирајте со рибизли или некое друго бобинкасто овошје по желба. На крај, поросете ги со малку шеќер во прав и послужете ги.
Напомена: Вака подготвените корпички по ваша желба може да ги наполните и со солен фил од крем сирење или некој друг крем по ваш вкус.
Ви препорачуваме да прочитате: Благ ролат со џем од рибизли.