Салатите со варени компири се едни од омилените, па ако се со кремаст сос, нема кој да одолее. Еве еден рецепт за кремаста салата со компири, мајонез и кисела павлака, за која веруваме дека ќе ви се допадне.
Брзо се приготвува, а состојките може да ги менувате по желба. Салатата има пикантна арома на рен, а ако не сте љубител може да го замените со кисели краставички или печурки по желба. Направете ја вашата омилена комбинација и споделете го рецептот со нас.
Ако овие салати се ваш фаворит, задолжително прочитајте го рецептот за крем салата со просо, урда и семиња.

Состојки:
- 500 грама компири
- 1 лажица винска киселина
- ½ лажица сок
- ¼ чаша мајонез
- ¼ чаша кисела павлака
- 2 лажици рендан рен по желба
- сечкан млад кромид
- сечкани листови од целер
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Компирите измијте ги.
- Во тенџере на оган ставете ги компирите и додајте вода. Оставете ги компирите да се варат.
- Варените компири излупете ги и исчекајте ги на кругови.
- Во длабока чинија за салата ставете ги сечканите компири и додајте ги винската киселина и ½ мала лажичка сол. Измешајте ги состојките.
- Во мала длабока чинијата ставете го мајонезот, павлаката, ренданиот рен и сечканиот млад кромид. Измешајте ги.
- Во садот со компирите додајте го сосот, сечканиот целер, посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте ги состојките и послужете ја готовата кремаста салата со компири.
Ви предлагаме да прочитате: Салата со компири, кромид и сирење.