Идеална за топлите денови и во моментите кога ти треба брзо и вкусно мезе! Направи крем салата со сусам и сирење. Мирисот на печен сусам и крцкавоста, ја прават оваа салата една од омилените која често ќе ја правите.
Салатата често ја споделуваше мојата пријателка Ане во групата Сѐ за храна. Ја дегурстирав и на гости, и ја направив неколку пати дома. Салатата може да ја направиш и еден ден претходно. Исто, може да ја обликуваш во форма на бомбици кои ќе ги извалаш во печен сусам. Како и да се одлучиш за сервирање, гарантирам дека ќе им се допадне на сите. Мојата верзија на салатата е следната:

Состоjки:
- 200 г Natura крем или кисела павлака
- 200 г изварка (урда) – мој предлог Шарпланинска
- 100 г Кораб сирење (кравјо или мешано)
- 100 г салама
- 50 г печен сусам
- 50 г мајонез.

Подготовка:
- Во длабок сад ставете ја павлаката и додајте ја изварката.
- Сирењето изрендајте го или издробете го. Додајте го чинија.
- Саламата исечкајте ја на мали коцки и ставате ја во садот со сирењето. Додајте го претходно испечениот и изладен сусам. Измешајте и додајте го мајонезот.
- Послужете ја салатата со крекери по желба. На здравје!
Совети плус:
- По желба во салатата може да додадеш свежа сечкана краставица, кисели краставички или варени јајца.
- Natura крем и Шарпланинското крајво сирење од Млекара Тетово можеш да ги пронајдеш во маркетите на Стокомак и другите поголеми маркети низ земјата.

Разгледај повеќе идеи и рецепти на моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Од кујната на Марија – Брзи тортиља канапеи со павлака, салама и краставица.
*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.
