Ви треба идеја за брз и хранлив појадок?! – Катерина од нашиот тим ни предлага супер брз рецепт за ладен овесен појадок кој вреди да се проба. Одлична и здрава комбинација од овесни снегулки, јогурт, бадеми и овошје!
Наведените состојки се доволни за една порција, а по желба количината на состојки може да ја зголемите.

Состојки:
- 3 лажици овесни снегулки (за побрза подготовка користете поситни)
- 150 до 200 мл јогурт
- 9 мелени бадеми
- 3 бадеми за декорација
- 1 полна лажичка темен мед
- 1/2 лажичка афионово семе за декорација
- еден грст боровинки (може да ги замените со капинки, малини, а супер се и со мешавина од нив).
Подготовка:
- Подготовката е многу едноставна. Овесните снегулки измешајте ги со јогуртот и оставете кратко да отстојат. Ако се ситни, доволни се 5 до 10 минути, ако се крупни, оставете ги барем 30 минути за убаво да омекнат.
- Ставете ги во чинија и сервирајте со боровинките или друго бобинкасто овошје по желба.
- Додајте ги бадемите кои по желба може да се мелени, сечкани, толчени, како што обожавате, важно е дека ќе има нешто да ви ,,крцка” во оброкот.
- Распоредете го медот и афионовото семе, целите бадеми за декорација, измешајте и на здравје!
Препорака од авторот:
„Ако имате 5 минути за подготовка, ова е тоа што ви треба! Набавив поголема количина свежи боровинки, па ги испробав на многу начини. Ама…, овој ми е омилен, најлесен и пред сѐ, најбрз за подготовка што ми е посебно важно во периодов со мало бебе. Брзо, вкусно и хранливо!
Ако го направите и сакате да ве споделам на моето стори, тагирајте ме или испратете ми порака. Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина.
Автор на рецепт и фото: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Чиа пудинг со спирулина и авокадо.