Убаво што нѐ потсети Кате на ова вкусно јадење кое го обожаваа нашите баби и дедовци! Се сеќаваме го правеа често пати. Ладно е и освежително, па одлично му доаѓа на организмот во секоја сезона. Ова е супер прилика да се потсетиме на вкусната и ароматична жетварска чорба!
И во нашата околина посебно во селските места на живеење се среќава и денес. А, Кате ни го кажа истото, рече: „Многу стар рецепт, од пра пра баба. Особено добредојден е во летниот период кога се големи горештини. Оттука и името најверојатно, кога пред многу години се одело на жетва и кога имало пеколни горештини ова било главно јадење со топло домашно лебче. Кај нас се спрема откако знам за мене. Веќе кажав, посебно освежување е во летниот период, но јас ја спремам и кога имаме малку помрсен ручек, како што беше овојпат.“

Состојки:
- 1 помала краставица
- 7-10 чешниња лук по желба
- 450 мл ладна вода
- 4-5 лажици киселина од диви јаболка
- 1/2 лажичка сол.
Подготовка:
- Лукот излупете го, малку исечкајте го и заедно со солта истолчете го.
- Краставицата измијте ја и исечете ја на коцки, а по желба излупете ја.
- Налејте ладна вода од фрижидер вода.
- Додајте ја киселината, промешајте и чорбата веќе е спремна.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Посна крем супа со лук.