Поснa и кремастa со посебен вкус! Богат вкус на зеленчук и арома на лук. Оваа посна крем супа со лук спаѓа во групата на едноставни јадења кои претставуваа лесен оброк, па да ја пробаме!
Срдечно и заблагодаруваме на Невена за нејзините бројни посни рецепти за супи, а во таа насока ви предлагаме да го погледнете и рецептите за: посна чорба од компири и праз и посна крем супа од тиква и зеленчук.

Состојки:
- 8 чешниња лук со средна големина
- 750 гр компири
- 1 среден морков
- 1 гранче магдонос
- 1 коцка за супа од зеленчук
- 6 лажици маслиново масло
- 1,2 л вода
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Најпрво измијте ги и излупете ги компирите, морковот и лукот и исечете ги на ситни парчиња.
- Ставете ги во тенџере и додајте ја водата, магдоносот, коцката за супа и маслото.
- Оставете ги да се варат околу 15 – 20 минути додека зеленчукот омекне.
- Потоа тенџерето тргнете го на страна и изблендирајте го зеленчукот (може со со рачен блендер) да се добие изедначена смеса.
- Пробајте ја и ако е потребно додајте сол и црн пипер по вкус, а по потоа вратете ја на оган да повари уште неколку (3-4) минути.
- Готовата посна крем супа послужете ја топла со лепче и кисели или свежи пиперчиња.
Ви препорачуваме да прочитате: Посна крем чорба од брокула.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.