Ладно, свежо, ароматично, слатко… Ако сакате да си ги разубавите летните денови, имаме супер идеја за вас. Разладете се со леден кафе десерт, збогатен со чоколадо и бадеми, па на задоволството му нема крај!
Може да ве интересира: Семифредо од јагоди – ладен десерт.

Состојки:
- 400 мл слатка павлака
- 2 лажици шеќер во прав
- 2 лажички инстант кафе во прав
- 2 белки
- 50 гр шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 50 гр чоколадо за готвење
- 60 гр потпечени лупени бадеми.
Подготовка:
- Изматете ја слатката павлака.
- Потоа додајте го кафето, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Измешајте убаво со лажица.
- Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено со постојано матење додавајте го шеќерот.
- Во садот со слатката павлака додајте ги изматените белки и убаво соединете.
- Обложете правоаголен калап со хартија за печење и ставете половина од смесата.
- Одозгора ставете го сечканото чоколадо и сечканите бадеми (претходно потпечени во сува нелеплива тава).
- Турете ја другата половина од смесата, израмнете и покријте со најлонска фолија.
- Оставете да стои во фрижидер преку ноќ и на здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Ледени коцки со цимет.