Припремата е многу лесна! Можеби на прв поглед ќе помислите „Леле, колку е долга листата на состојки!“, но тоа воопшто не треба ве плаши, затоа што скоро сите ги имаме во кујната секојдневно. Сé што треба е само да се соединат. А, како што знаете, една од нашите цели е лесна, брза и вкусна кујна, па овој рецепт за лесна чорба од печурки е баш таков!
Она што е посебно важно да го знаете за овој рецепт, е дека печурките и мајчината душица се испробано добитна комбинација. Ја откривме случајно, а оттогаш ја уживаме постојано на разни начини. Вреди да пробате, многу е вкусно, како во луксузен ресторан!

Состојки:
- 250-300 г печурки (шампињони)
- 1 средно голема главица кромид
- 1.5-1.8 литри вода
- 180-200 г златна мешавина
- 1/8 чаша палента
- сол по вкус
- црн пипер од Рајска градина по вкус
- 1/2 до 1 лажиче чили во прав од Рајска градина
- 1 лажица мешан зачин
- 1 рамна лажица мајчина душица од Рајска градина
- 1 лажиче лук во прав, а по желба може и повеќе
- 1 лажица путер
- малку ладно цедено маслиново масло или од маслодајна репка.
Подготовка:
- Најпрво измијте ги и исечкајте ги шампињоните.
- Кромидот излупете го, измијте го и ситно исечкајте го.
- Во сад на оган ставете малку масло. Ние обично ја правиме со ладно цедено маслиново масло или од маслодајна репка, како поздрави варијанти во оваа комбинација.
- Кога маслото лесно ќе се загрее, додајте го претходно сечканиот кромид да се запржи. Ако не сакате да користите поголема количина на масло, откако кромидот ќе се запржи малку, додадете и 50-тина милилитри вода. На овој начин ќе го продолжите динстањето, кромидот ќе стане помек и посладок, а чорбата нема да биде многу мрсна.
- Додајте ја водата во садот и почекајте да зоврие. Штом зоврие, додајте ги и претходно исечканите печурки, златната мешавина и палентата.
- Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
- Додајте ги останатите зачини – чили во прав, мешаниот зачин, мајчината душица и лукот во прав.
- Оставете ја чорбата да се вари околу 30 минути на средно силен оган, а во последните 5 минути додајте го и путерот. Послужете топло и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Запечени компири во медитерански сос.
*Спонзориран рецепт.