Време е да уживаме во сезонските зеленчуци и во највкусните салати! Овој пат го споделувам рецептот за летната веге салата, која е совршен оброк за ручек или вечера.
Да ги следиме советите на лекарите и во овие топли денови да избереме лесна храна. Тоа ми беше инспирација да ја направам веге салатата, која изобилува со хранливи состојки, брза е за подготовка и освежува. Може да ја понесеш и на работа или на пикник во природа.

Состојки:
- 1 чаша микс зелена салата
- 100 г Шарпланинско кравјо сирење
- 2 помали домати (рагби)
- ½ краставица
- 1½ варенo јајце.
За сос:
- 3 лажици Кораб кисело млеко
- 1 лажица зачин за таратур – копар, лук во прав и сол по вкус.

Подготовка:
- Сирењето исечкајте го на коцки. Јајцата исечете ги на четвртини.
- Доматите и краставицата исечкајте ги на кругови, а потоа пресчете ги на половина.
- Во чинија ставете ја зелената салата, додајте ги доматите, сирењето, краставицата и вареното јајце.
- Во длабока мала чинија ставете ги киселото млеко и зачините. Измешајте го сосот.
Послужете ја салатата и на здравје! Видеото од подготовката погледнете го на линкот.
Совети плус:
- По желба во салатата може да додадете печени коцки леб, пченка, пиперка…
- Сосот може да го зачините со маслиново масло и оригано.

Разгледај повеќе идеи и рецепти на моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Од кујната на Марија – Брзи тортиља канапеи со павлака, салама и краставица.
*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.
