Лисната пита со фил од печурки 1

Лисната пита со фил од печурки

Ги обожаваме рецептите на Невена, секогаш се вкусни, а често лесни и брзи за подготовка баш како што е оваа лисната пита со фил од печурки!

Лиснатото тесто и обезбедува одличен на питата, а комбинацијата на филот од печурки, јајца и павлака со зачини создава идеално вкусни сензации. Може да ве интересира и рецептот за пица од лиснато тесто – тарт.

Лисната пита со фил од печурки 2

Состојки:

  • 1 лист готово лиснато тесто
  • 500 гр свежи печурки
  • 200 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/4 лажиче црн пипер
  • 3 лажици масло.

Подготовка:

  1. Свежите печурки прво исечете ги на тенки листови и ставете ги во тава со загреано масло.
  2. Додајте малку сол и оставете да се пржат се додека испари течноста што ја пуштиле печурките.
  3. Потоа додадете ги магдоносот и црниот пипер, па по неколку минути тргнете ги на страна за да се изладат.
  4. Со помош на виљушка изматете ги јајцата и павлаката, па заедно измешајте ги со печурките.
  5. Во претходно обложено тавче со хартија за печење (големина број 26), ставете го лиснатото тесто, избоцкајте го со виљушка, па турете ја подготвената фил со печурки и малку свиткајте ги краевите.
  6. Печете за време од 30-40 минути, во претходно загреана рерна на 180 степени. Питата послужете ја топла и уживајте во вкусот, на здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Брза пита од лиснато тесто со тиква.

Сподели: