Сезоната на модриот патлиџан ни овозможува да уживаме во навистина вкусната малиџано салата. Рецептот за нeјзина подготовка е лесен, а на блогот Кuhinjica Мignone препорачуваат дека посебно ќе им се допадне на љубителите на грчката кујна. Интересно е што, вака приготвената малиџано салата може да се послужи како намаз со тост, лепче, а исто така многу убаво одговара како прилог со месо подготвено на скара.

Состојки:
- 2-3 модри патлиџани
- 300 гр полномасно свежо сирење
- 2 чешниња лук
- малку масло (маслиново или сончогледово)
- сол, црн пипер.
Подготовка:
- Модрите патлиџани најпрво измијте ги и без да ги лупите печете ги во рерна на 200 степени, за време околу 45-60 минути. Кога ќе се изладат отстранете ја кората и ситно исечкајте ги или измелете ги.
- Додајте неколку лажици масло, посолете и додајте црн пипер.
- Сирењето прво иситнете го, а потоа зачинете го со ситно сечканиот лук. Количината на сирењето е по желба, така може да додадете помалку или повеќе од предвиденото.
Летната малиџано салата може да ја послужите како предјадење, мезе или намаз со парче леб. На здравје!
Забелешка: Доколку печите поголема количина на модри патлиџани, можете да ги спакувате во ќесичка и да ги замрзните. При тоа, треба да ги пакувате иситнети и незачинети, а потоа откако ќе се одмрзнат може да ги додадете сирењето и другите зачини.