Медени колачиња со мармалад 1

Медени колачиња со мармалад

Чај или кафе, за мезе или десерт, вкусните медени колачиња се секогаш добредојдени! Ние обожаваме едноставни рецепти и токму затоа со голема радост го споделуваме овој со вас. Одлични се!

Медените колачиња со фил од мармалад се убави за разни пригоди и посебно за секојдневно засладување. Може да бидат во форма на срца, празнични или било какви и да посакате.  Денес да ги направиме!

Медени колачиња со мармалад 2

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 лажици мед (полни)
  • 90 гр шеќер
  • 100 мл масло
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 450 гр брашно

За фил:

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги јајцата, медот и маслото, малку измешајте ги, па додајте ги и брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и печивото.
  2. Од состојките замесете тесто и направете топчина со големина на орев, а потоа ставајте ги на плех обложен со хартија.
  3. Со помош на мала ракиена чаша во средината направете вдлабнатина за филот.
  4. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени за време од 7-8 минути, а потоа извадете ги и во средината на секое колаче ставете по едно лажиче мармалад од кајсии или јагоди и повторно вратете ги да се допечат уште 5-6 минути.
  5. По желба можете да ги наросите со шеќер во прав.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Полнети медени чоколадни срца.

Сподели: