Сигурно ќе се согласите со нас дека домашниот мармалад од кајсии е еден од највкусните. Може да го намачкате на леб и да го јадете за појадок, а исто така е чест додаток во колачи и торти.
Една од најпознатите торти која се прави со мармалад од кајсии е Захер торта – најпознатата чоколадна торта од Виена, која може да ја испробате и во посна варијанта: Посен захер колач.
Ако оваа година планирате да направите мармалад од кајсии, а сакате истиот да не содржи конзерванси, за кои знаеме дека се штетни по здравјето, вашата потрага завршува тука.

Состојки:
- 1 килограм кајсии
- ½ чаша вода
- 3 чаши шеќер
- 2 лажици свежо цеден сок од лимон.
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175 степени. Скршете ги семките од кајсиите и извадете го семето. Семките ставете ги во рерната и печете ги за време од 5 минути.
- Во длабок сад на оган, ставете ги сечканите кајсии и водата. Оставете ги да варат на средна температура. Намалете ја температурата, мешајте повремено, додека кајсиите омекнат за време од 20 минути.
- Варените кајсии ставете ги во блендер и миксирајте ги додека добиете пире. Доколку немате блендер на располагање, пасирајте ги со виљушка.
- Во длабок сад на оган ставете ги пирето од кајсии и шеќерот. Мешајте додека шеќерот се растопи. Оставете смесата да се вари на средна температура и често мешајте. Потоа намалете ја температурата и оставете мармаладот да се вари на тивко, а повремено мешајте. Варете додека мармаладот се згусти и ја задржува својата форма на лажицата. Во мармаладот додајте го лимоновиот сок и измешајте.
- Во меѓувреме подгответе ги теглите. Чистите тегли ставете ги кратко време во загреана рерна на 100 степени да се стерилизираат.
- На дното од секоја тегла ставете по една семка. Во топлите тегли, ставете од топлиот џем, а притоа внимавајте да нема воздушни меурчиња. Затворете ги теглите.
- Теглите завиткајте ги со стари весници, а потоа ставете ги во длабок сад на оган и прекријте ги со вода. Оставете водата да зоврие и варете околу 10 минути. Тргнете го садот од оган. По 5 минути, извадете ги теглите, оставете ги да се изладат и складирајте ги со останатата зимница. Оваа постапка со варење на теглите може да ја изоставите, а штом ги затворите теглите, едноставно свртете ги така што капакот да биде на долната страна. Свртените тегли оставете ги да се изладат.
Ви предлагаме да прочитате: Домашен пекмез од кајсии.