Незаменливиот зеленчук во многу јадења, вкусниот млад кромид влијае навистина поволно врз здравјето на човечкиот организам. Одлично е што се јаде целото растение, па овозможува гурманско уживање во зелените и коренестите делови кои се навистина сочни и свежи.
Потврда за сочноста и свежината на младиот кромид е неговиот состав во кој може да има до 90% вода, што го сместува во групата на нискокалорични зеленчуци со многу малку јаглени хидрати и го прави здравствено погоден за секојдневна употреба. Доколку успеете да го испланирате во време кога нема да се движите надвор од домот, сигурно ќе сакате да ги искористите бројните придобивки од одличниот и делотворен прочистувач на организмот, незаменливиот млад кромид.
Младиот кромид ги содржи во поголема количина витамините Ц и К, кои се од клучно значење за минерализација на коските и чување на нивното здравје и црвстина, а исто така го поддржува имунитетот и помага за негово зајакнување. Витаминот А, во составот на младиот кромид се наоѓа во форма на провитамин, кој во организмот се претвора во ретинол, кој пак е неопходен за зачувување на здравиот вид.
Корисниот и здрав млад кромид, благодарение на големата количина на флавоноиди во својот состав ја поттикнува работата на имунолошкиот систем, го инхибира (спречува) создавањето на слободните штетни радикали и му помага на организмот да се одржи витален и здрав.
Одличен е за здравјето на срцето, бидејќи помага во намалување и спречување на таложењето на масните наслаги во крвните садови, со што овозможува подобар крвоток и намалување на ризикот од тромбоза.
Една од поважните придобивки од пролетниот млад кромид е тоа што поради присуството на хром, има успешно влијание во регулирањето на крвниот шеќер. За тоа придонесува и стимулирачкото дејство за лачење на инсулинот, кој е одговорен за одржување на нивото на шеќер во крвта во нормални граници, од што може да се заклучи дека претставува фантастична храна за дијабетичари.
Доколку сакате да дознаете повеќе за користа на кромидот за здравјето и во подоцнежниот период, кликкнете тука.