Моринга – малку позната храна со корисни придобивки

Моринга – малку позната храна со корисни придобивки

Морингата претставува растение кое расте во облик на мало дрво, и е карактеристично за Индија, Пакистан и Непал. Во овие земји морингата со години се користела и се користи за превенција на одредени болести како што се: дијабетесот, анемијата, артритисот, црнодробните и белодробните болести, кожни и дигестивни пореметувања. Сите делови на растението моринга (moringa olieifera) може да се користат во исхраната, но сепак во суплементарна форма најмногу е достапен и најмногу се користи мелен сушен лист од растението моринга. Во продолжение прочитајте за неколку здравствени придобивки од употребата на моринга кои се поддржани од науката.

Морингата содржи многу корисни нутриенти

Сушените листови од моринга се одличен извор на: протеини, калциум, витамин Б6, витамин Ц, рибофлавин и железо. Токму затоа суплементите со моринга се одличен избор за лица кои се борат со анемија, и за оние на кои им е потребно да внесуваат поголема количина на калциум во својот организам.

Моринга

Морингата е богата со антиоксиданти

Сите знаеме дека антиоксидансите се неопходни во борбата со слободните радикали. Слободните радикали му наштетуваат на нашиот организам и со тек на време може да доведат до низа хронични болести. Во морингата се содржат следните моќни антиоксиданси кои ќе ви помогнат да ги неутрализирате слободните радикали во вашето тело:

  • витамин Ц
  • бета-каротен
  • кварцетин
  • хлорогенска киселина.

Може да ве интересира: 7 причини да јадете храна богата со антиоксиданси.

Морингата може да го намали високото ниво на шеќер во крвта

Високиот крвен шеќер е основниот симптом на дијабетес и претставува ризик фактор за многу сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи ги тука и срцевите болести. Поради ова, многу е важно да го контролирате вашиот крвен шеќер во нормала. Интересно е што неколку студии покажале дека сушените листови од моринга може да помогнат во намалување на крвниот шеќер. Се смета дека овој нејзин ефект се должи на изотиоцијанатите кои се содржат во неа. Секако дека треба да се направат уште истражувања за во целост да се истражат и докажат нејзините ефекти врз крвниот шеќер, но резултатите од досегашните студии се одличен почеток.

Морингата може да ви помогне во намалување на воспалението

Воспалението претставува природна реакција на телото при инфекции или повреди. И тоа е во ред, но доколку трае кратко. Хроничното воспаление се смета дека е вклучено во многу хронични болести, вклучувајќи ги срцевите болести и канцерогените состојби. Постојат многу овошја, зеленчуци, билки и зачини кои имаат антивоспалителен ефект, а помеѓу нив може да се вброи и морингата. Сепак досегашните студии се вршени само врз животни, па останува прашањето дали истите ефекти се присутни и кај луѓето.

Помага за намалување на високиот холестерол во крвта

Високото ниво на холестерол во крвта е поврзано со зголемен ризик од срцеви болести. Многу растенија (ленено семе, овесни снегулки и бадеми) можат успешно да го редуцираат нивото на холестерол во крвта. Досегашните студии покажаа дека и моринагата може да има сличен ефект, односно може да помогне во намалување на холестеролот кај луѓето.

Текстот го испратил: Маја Веловска, диет клуб Нутрика.

Ви предлагаме да прочитате: Вкусната и здрава брокула е моќен борец против рак.

Сподели: