светкави ѕвезди

Направете новогодишни светкави ѕвезди

На креативноста и нема крај кога се во прашање новогодишните и божиќните празници. Било да се работи за креативни рецепти за вкусни божиќни колачиња или пак за интересни идеи за украси за елка, можеме да најдеме инспирација на секој чекор. Нас секогаш нѐ фасцинира идејата да направиме од ништонешто, па затоа денеска ви претставуваме лесен и забавен начин да направите новогодишни светкави ѕвезди кои може да ги искористите како лампиони за елката.

Како да направите новогодишни светкави ѕвезди од силикон?

Потребен ви е само силиконски пиштол и забавата може да започне. Постапката за изработка на ѕвездите од силикон е е прикажана на следново видео. На вас останува само да ги следите инструкциите и да ја разубавите вашата елка со овие интересни и светкави ѕвездички.

Потребни материјали:

  • силиконски пиштол
  • силиконска прачка со светки
  • хартија за печење
  • слика со ѕвезда
  • украсен конец.

Начин на изработка:

  1. Испечатете лист од хартија на кој сте ставиле слики од ѕвезди. Сликата со ѕвездите ставете ја под хартијата за печење, така што таа ќе се гледа преку хартијата.
  2. Во силиконскиот пиштол ставете силиконска прачка со светки, доколку не можете да најдете таква искористете ги стандардните прачки. Подоцна додека сѐ уште не е здрвена ѕвездата можете да ја поросите со светки во прав и ефектот ќе биде сличен.
  3. Загрејте го пиштолот, па почнете да ја пресликувате формата на ѕвездата од сликата на хартијата за печење.
  4. Откако целосно ќе ја пресликате ѕвездата, додека не е стврдната поросете ја со светки во прав и ставете и украсен конец на врвот.
  5. Почекајте ѕвездата да се излади, па внимателно одлепете ја од хартијата за печење и вашата новогодишна светкава ѕвезда е готова. Лесно, зарем не?

Ви препорачуваме да прочитате:  Новогодишни декоративни ленти со тестенини.

Сподели: