Божиќни колачи со лешници

Малите, слатки божиќни колачи во форма на ѕвезди ги красат богатите трпези за време на празниците. За божиќните празници традиционално се приготвуваат различни суви колачи, како ванилици, гурабии, суви колачиња со мармалад

Ако барате нова идеја за многу вкусни божиќни колачи, вие сте на вистинското место. Направете ги и уживајте во прекрасната арома на лешници, ванила, цимет и бело чоколадо!

божиќни колачи

Состојки:

  • 250 грама путер на собна температура
  • 350 грама брашно
  • 300 грама мелени лешници
  • 250 грама шеќер
  • 1 јајце
  • малку цимет
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 200 грама бело или темно чоколадо.

Подготовка:

  1. Путерот го ставаме во длабок сад и го матиме пенесто. Во садот со путер ги додаваме јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер. Смесата ја мешаме со виљушка.
  2. Брашното го сееме во длабок сад. Во садот со брашното ги додаваме прашокот за печиво и цимет по вкус. Состојките ги мешаме со лажица.
  3. Во садот со путерот постепено ги додаваме мелените лешници и мешаме со лажица. На крај, смесата ја месиме со рацете и постепено додаваме од смесата со брашното. Месете неколку минути додека се добие хомогена смеса.
  4. Работната маса набрашнете ја. Врз неа исучете го тестото во тенка кора со дебелина од околу 5 до 7 мм. Од тестото со помош на калап во форма на ѕвезди исечете колачиња. Колачињата редете ги во тава обложена со хартија за печење.
  5. Печете ги во загреана рерна на 200 степени за време од 10 минути.
  6. Чоколадото растопете го на пареа. Во садот со растопено чоколадо ставете ги печените божиќни колачи со едната страна, а потоа повторно редете ги во тавата. Оставете ги да се изладат и чоколадото да се стегни. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Божиќни колачи со портокал и рум.

Сподели: