„Крцкаво, превкусно! Ова мора да го испробаш во прва прилика. Потпечен ѓеврек, премачкан со ајвар, парчиња биено сирење и јајце кое малку се разлева. Македонската традиционална кујна ја доловив на тренди начин, нели?
Некаде на интернет, најдов слики од охридски појадок – ѓеврек со јајце, па така се роди идејата за овој рецепт. Збогатен со ајвар и сирење, со гордост може да се нарече македонски појадок, зарем не?“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник од нашиот тим.

Состојки:
- 1 ѓеврек
- 2 лажици ајвар
- 20 г Шарпланинско биено сирење
- 1 јајце
- ½ лажица масло.
Подготовка:
- Ѓеврекот пресечи го на половина и премачкај го ајвар.
- Сирењето исечи го на тенки ленти. Лентите подели ги на три дела. Парчињата сирење стави ги врз ајварот.
- Во нелеплива тава на оган, на средна температура стави малку масло да се загрее и додај го ѓеврекот.
- Во средината стави едно јајце. Штом јајцето се запече, ѓеврекот покриј го со чинија и печи го околу 10 минути.
- Топлиот ѓеврек послужи го веднаш. А снимив и кратко видео од подготовка, кое верувам дека ќе ти користи. Направи го, и на здравје!
Совети плус:
- Состојките во рецептот се наведени за една порција.
- Ако приготвуваш поголема количина на ѓевреци, испечи ги во рерна. Во тава стави хартија за печење, нареди ги припремените ѓевречиња и додај ги јајцата. Печи на 200 степени околу 10-тина минути.
Ако ти се допадна оваа идеја и сакаш да следиш повеќе рецепти од мене, посети ги моите профили и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви предлагаме да прочитате: Појадок од детството! Ајвар со јајца и биено сирење, традиционално и превкусно за 5 минути!
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.