капрезе салата

Оригинален рецепт за подготовка на капрезе салата

Капрезе салата е многу едноставна италијанска салата, која потекнува од италијанската област Кампања. Традиционално се приготвува со моцарела сирење, кое е направено од биволско млеко, сечкани домати и листови босилек, зачинета со сол и маслиново масло. Капрезе салатата специјално беше креирана во асоцијација на италијанското национално знаме, на кое се среќаваат црвена, бела и зелена боја.  

Интересен е податокот што италијанската капрезе салата се служи како предјадење, а не како салата заедно со главното јадење. Постојат различни варијации, каде што понекогаш салатата се зачинува со песто или друг сос, а наместо босилек се користи рукола. Исто така, може да се најдат други варијанти како капрезе салата со маслинки, марулка, сечкан лук или магдонос. Но, сепак традиционалниот рецепт, вреди да се знае!

капрезе салата

Состојки:

Подготовка:

  1. Доматите ги сечкаме на кругови со дебелина од околу 1 сантиметар.
  2. Моцерелата исто така ја сечкаме на кругови со дебелина од 1 сантиметр.
  3. Во чинија за сервирање, наизменично редиме парчиња домати и моцарела сирење.
  4. Салата ја зачинуваме со сол и црн пипер, а потоа ги нанесуваме листовите босилек. Непосредно пред служењето, приготвената капрезе салата ја попрскуваме со маслиново масло. Уживајте во вкусот на италијанската кујна, на здравје!

Ви предлагаме да го прочитате рецептот за популарната италијанска салата Панзанела.

Сподели: