Стара традиција, сервирана на понов начин! Колку народи во светот, толку обичаи разни рецепти. Сигурно сите се сеќавате на вашите баби и дедовци кои ви раскажувале како јаделе лубеница со сирење и леб за време на полски работи. Оваа интересна ладна салата со лубеница е на некој унапредена верзија на нивната навика.
За овој рецепт, најважно е лубеницата да биде ладна и пресно сечена, за да се извлече нејзината сочност и арома до максимум. Ќе ве освежи и излади, ве охрабруваме да пробате!

Состојки:
*за 2 порции
- 2 чаши чистена лубеница без кора и без семки, исечкана на коцки
- половина краставица
- 2 лажици изронетето бело сирење или уште подобро несолена изварка
- неколку ливчиња од свежо нане
- свежо цеден сок од 1 лимон.
Подготовка:
- Најпрво погрижете се лубеницата да е убаво изладена, а потоа исчистете ја и насечете ја на коцки. Ставете ја во чинијата.
- Краставицата измијте и исечете ја тенки полукругови.
- Потоа, одозгора поросете со изронетото сирење или несолената изварка.
- Внимателно распоредете го лимоновот сок врз целата површина на салатата и на крај декорирајте со измиените листови свежо нане. Не е секојдневно, но затоа вреди да се проба, на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: 6 избор рецепти со лубеница – смути, слатко, џем, сок.