Овој ручек ќе го подготвите многу брзо, а оваа вкусна комбинација за фритата со зеленчук опфаќа компири, кромид и доколку сакате, по желба малку чаден колбас. Рецептов нуди многу можности, па може да додадете и други интересни состојки како што се печурки, пиперки, брокули, спанаќ, сирење и слично.
Прекрасната идеја за печена фритата со зеленчук и чадени колбаси ја најдовме на страницата Кuhinjica Mignone кај нашата пријателка Лана, која редовно ги споделува своите кулинарски дела со нас.

Состојки:
- 600 гр компири
- 1 поголема или 2 помали главици кромид
- 4 јајца
- сол по вкус
- црн пипер по вкус
- малку путер
- 200 гр чадени колбаси по желба.
Подготовка:
- Компирите најпрво измијте ги, излупете ги а потоа исечете ги на тенки кругови. Варете ги во солена вода околу 15 минути.
- Кромидот, исто така излупете го и исечете го на кругови, па кратко пропжете го во малку масло (при тоа издвојте неколку кругови кои потоа ќе ги ставите од горе).
- Во истото масло пропржете ги и колбасите исечени на кругови, па додајте ги претходно сварените кругови компири. Пропржете ги сите заедно уште кратко, па тргнете ги од огнот.
- Тавата намачкајте ја со малку путер и ставете го претходно припремениот зеленчук. Со помош на жица изматете 4 јајца, посолете ги и наросете ги со црн пипер по вкус, а поттоа прелијте ги преку компирите. Благо протресете ја тавата за убаво да се распореди содржината.
- На крај, ставете ги од горе круговите кромид кои сте ги издвоиле за одозгора. Печете 20-тина минути, убаво да се запече.
Ако се одлучите да подготвите фритата со зеленчук ќе имате убав ручек за многу кратко време. Пробајте ја и на здравје!