Ако сакате да се почестите себе и вашите пријатели со извонредно мезе, верувајте нема да зажалите ако изберете да го пробате нашиот рецепт за печени печурки со зачини. Лукот и мајчината душица имаат посебна арома која искомбинирана на овој начин му дава посебен шмек на јадењето.
Обожаваме печурки и ги приготвуваме на различни начини. Во пица, полнети или како додаток со друг зеленчук. Било како и да ги приготвите, важно е да додадете зачини за да го исполните нивниот вкус.

Состојки:
- 16 печурки
- 3 лажици маслиново или растително масло
- 2 чешниња ситно сечкан лук
- 3 лажици омекнат путер
- 2 лажици сечкана мајчина душица
- ½ мала лажичка лук во прав
- 5 лажици лебни трошки
- 1 ½ лажица сок од лимон
- сол и црн пипер по вкус
- рендан пармезан или кашкавал за поросување.
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени.
- Во тава на оган ставете го маслото да се загрее. Во жешкото масло ставете ги печурките и пропржете ги за 2 до 3 минути.
- Запржените печурки наредете ги во тава за печење, така што стебленцата ќе бидат насочени нагоре.
- Во мал сад измешајте ги путерот, лукот, мајчината душица, сокот од лимон и зачинете по вкус.
- Со помош на лажица врз секоја печурка ставете од смесата со путер и лук, а потоа наросете лебни трошки.
- Вака припремените печурки печете ги во загреана рерна за време од 15 минути, додека добијат убава златеста боја. На крајот, пооросете ги со рендан пармезан и продолжете со печењето уште 2 до 3 минути. Готовите печурки послужете ги со свежа салата по избор. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Италијански рецепт за рижото со печурки и бело вино.