Ако сакате да го изненадите семејството со нов рецепт, имаме одличен предлог за вас! Со заслужена репутација на врвен производ, мекото бело сирење на Камембер е разноврсно сирење кое може да се јаде на различни начини. Овој рецепт за печено сирење со рузмарин и лук од познатиот готвач Џејми Оливер е одличен за вкусно и брзо мезе за вас и вашите пријатели.
Камембер (француски: camembert) е меко кравјо сирење со кадифена кора од бела мувла и нежен кремаст вкус. Потекнува од познатиот северен дел на Франција, Нормандија. Првпат е произведено од фармерката Мари Харел во 1791 година. Денес се произведува секаде во светот под исто име бидејќи не е заштитено, но доколку сретнете некогаш Camembert de Normandie тогаш сте наишле на вистинското. Консумирањето на Камембер има корисен ефект врз нервниот систем, мускулите, кожата и косата, метаболизмот. Можеби ова е тајната на убавината на Французинките и неверојатниот карактер на жителите на Франција?

Состојки:
- 250 г Камембер
- 1 чешне лук
- неколку гранчиња свеж рузмарин
- Брилијант маслиново помас масло
- парчиња леб
- 1 мала лажичка морска сол од Витаминка
- сува брусница
- ореви.
Подготовка:
- Вклучете ја рерната да загрева на 180ºС.
- Сирењето оставете го во кутијата и направете вдлабнатина во средината. Чешнето лук исчистете го и исечкајте го. Ставете го во средината на сирењето и додајте малку свеж рузмарин.
- Вака подготвеното сирење наросете го со малку Брилијант маслиново помас масло, а потоа ставете го во загреана рерна да се печи за време од 15 до 20 минути.
- Лебот исечете го на коцки. Парчињата леб наредете ги на исчистени стапчиња рузмарин (како ражничи) и наросете ги со маслиново масло и морска сол. Наредете ги во тава и ставете ги да се печат заедно со сирењето.
- Сувата брусница и оревите ситно исечкајте ги и ставете ги во посебен сад.
- Откако ражничите од леб и сирењето ќе добијат златно-жолта боја извадете ги од рерната и послужете ги на даска. Секој залак од ражничите потопете го во сирењето, па во миксот од сечканата брусница и ореви. На здравје!
Совет плус:
Видеото за подготовка на печено сирење со рузмарин и лук погледнете го на линкот: https://bit.ly/3sAf4G4.
Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави вртени стапчиња со зачини и крупна сол.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.