Пилешко со пире во брз сос од печурки 1

Пилешко со пире во брз сос од печурки

Ова е јадење за целото семејство, кој и да го проба ќе ужива! Па, кога сакате да направите брзо и вкусно јадење, а немате доволно време за убав и вкусен ручек, рецептов за пилешко со пире во брз сос од печурки, кој го подготвивме во нашата кујна ќе ви се најде и тоа како!

Кога сакаме да направиме нешто брзо, секогаш бираме проверени состојки и вкусот не може да биде поинаков освен добар. Токму затоа, наша инспирација беа традиционално квалитетните производи на Витаминка. Се надеваме ќе уживате во вкусот како и ние, на здравје!

Пилешко со пире во брз сос од печурки 2

Состојки:

  • 4 парчиња пилешко бело месо
  • мешан зачин Дафинка по потреба
  • црн пипер по потреба
  • масло Брилијант по потреба.

За сос:

За инстант пире од компири:

Пилешко со пире во брз сос од печурки 3

Подготовка:

  1. Пилешкото месо зачинете го со Дафинка, црн пипер и малку масло. Вака приготвениот стек оставете го во маринадата 15-тина минути, а најдобро е за време од неколку часа.
  2. Во поголема нелеплива тава на оган ставете масло Брилијант да се загрее. Во загреаното масло пропржете го стекот од едната страна за време од 3-5 минути. Потоа стекот превртете го и продолжете со пржењето уште 3-5 минути.
  3. Стекот извадете го од тавата.
  4. Во тавата во која се пржеше стекот додајте ги исцедените маринирани печурки. Пропржете ги за време од 5 минути. Потоа во тавата додајте 300 мл вода и крем супата од печурки. Измешајте за да се раствори супата. Доколку тавата е доволно голема, додајте уште 500 мл вода, а во спротивно состојките од тавата ставете ги во тенџере.
  5. Штом сосот зоврие во тавата додајте ги парчињата стек и продолжете со варење за време од 5 минути.
  6. Во меѓувреме пригответе го пирето. Во тенџере на оган ставете ½ литар вода да се вари. Штом водата зоврие додајте сол и тргнете го тенџерето од огнот.
  7. Во тенџерето додајте ги млекото и содржината од кесичката за пирето. Измешајте и додајте го путерот. Оставете го пирето околу 10-тина секунди.
  8. Во чинии ставете од приготвеното пире од компири, парчињата стек и додајте од сосот. Декорирајте со гранчиња свежо нане. На здравје!
Пилешко со пире во брз сос од печурки 4

Ви предлагаме да прочитате: Крцкави печени тиквички со сос од кечап и мајонез.

*Комерцијален рецепт.

Сподели: