Ви претставуваме прекрасен рецепт за домашен посен намаз од леќа! Многу е вкусен и долго ќе ве држи сити. Само неколку состојки и готов е. Сосема едноставно и брзо!
Ако готвите поголема количина на леќа, можеби за чорба или за вариво, следниот пат обавезно издвојте една шолја и пробајте го намазот кој подоцна постојано ќе сакате да го јадете. А, ние и заблагодаруваме на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone за одличниот рецепт!

Состојки:
- 2 шолји варена леќа
- морков, целер, пашканат може да додадете по желба
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 2-3 лажици маслиново масло
- сечкан магдонос по потреба,
- сол, црн пипер по потреба.
Подготовка:
- Леќата потопете ја во ладна вода од претходниот ден, најдобро од вечерта.
- Утредента турете нова вода и по желба додајте од дополнителните намирници. Оставете да се вари на тивка температура околу 40-60 минути, додека леќата и додадените зеленчуци убаво омекнат.
- Потоа, исцедете ја течноста (можете да ја искористите за подготовка на чорба) и оставете леќата да се излади.
- На малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид додека да стане слаткаст.
- Леќата (и зеленчукот доколку сте се одлучиле да го додадете) ставете ја во блендер, а потоа додајте го запжениот кромид, чешнето лук, сол и црн пипер по вкус . Смесата убаво изблендирајте ја додека стане кремаста.
- На крај додајте поголема количина ситно сечкан магдонос и по желба уште малку масло.
- Послужете како намаз на леб или како сос за дополнување на вкус, зависно од вашите навики. Вака припремениот намаз, во фрижидер можете да го чувате 3-4 дена. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: 5 здрави и испробани рецепти за посни намази.