Посен јогурт од сусам и лук 1

Посен јогурт од сусам и лук

Ако имате желба да пробате нешто ново, ова е одлична прилика! Посебно може да ве интересира ако сте љубители на посната и вегетаријанската исхрана. Нешто ново и интересно кое ни доаѓа од кујната на Катерина. Да пробаме и ние да си направиме посен јогурт од сусам и лук!

Не е тешко и изгледа интересно. Напротив, лесно е и забавно. Ако го пробате рецептов, обавезно пишувајте ни како ви се допадна.

Посен јогурт од сусам и лук 2

Состојки:

  • 50 г сусам
  • 300 мл ладна вода
  • 1/2 свежо цеден сок од лимон
  • 1 чешне лук
  • прстофат хималајска сол.

Подготовка:

  1. Ставете го сусамот во сад со вода и оставете да отстои најмалку 5 часа.
  2. Потоа, убаво исплакнете го со вода.
  3. Исцедете го и ставете во блендер.
  4. Додајте ја водата, сокот од лимонот, лукот и солта.
  5. Изблендирајте. Смесата процедете ја и јогуртот е готов. На здравје!

Совети плус:

  • За да добиете посен јогурт кој е што поосвежителен, водата нека биде што поладна.
  • Ова доза е за полна чаша од 400 мл.
  • Исто така, освен со сусам, посен јогурт може да направите и со сончоглед.

Ви препорачуваме да прочитате: Сусам – семе на младоста и борец против лошиот холестерол.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: