посна алва

Посна алва (без масло)

Уште едно слатко задоволство за оние кои не можат без десерт. Погодна за секој вкус, посна алва која може да се јаде и за време на пост на вода. Рецепт со одличен вкус и со брза и лесна подготовка. 

Подготовката не одзема многу време, а состојките кои се потребни кои најчесто ги имаме дома. Одличен рецепт е кога се подготвувате за пречек на гости, за слави, за имендени, за родендени и за други свечени поводи, бидејќи покрај тоа што е извонредно вкусна, истовремено е и декоративна, па така ќе бидат задоволени вкусовите дури и на најпребирливите.

посна алва

Состојки:

  • 1 кг шеќер
  • 250 мл вода
  • 250 гр брашно
  • 100 гр сецкани ореви или суво грозје.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган се ставаат 6 полни лажици од шеќерот и се остава да карамелизира до темна боја.
  2. Потоа, внимателно се додава водата и останатиот шеќер.
  3. Убаво се меша, додека се стопат шеќерот и карамелот, по што се остава да зоврие со повремено мешање.
  4. Откако ќе зоврие се остава да вари околу 3-4 минути.
  5. Тенџерето се трга од огнот, се додава брашното, па убаво се меша за смесата добро да се изедначи (да нема грутчиња).
  6. Потоа се додаваат сечканите ореви или суво грозје.
  7. Смесата се истура во мал плех обложен со алуминиумска фолијa.
  8. Оставете да се олади и да се стврдне неколку часа.
  9. На крај, изладената посна алва сечете ја на правоаголници или коцки и сервирајте. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.

Ви предлагаме да прочитате: Брза посна торта со мармалад и ореви.

Сподели: