посна крем салата со наут

Посна крем салата со наут

Во текот на летото најчесто јадеме брзи и ладни оброци кои не ни одземаат многу време за подготовка. Оваа посна крем салата со наут е баш таква. Идеална за топлите денови и содржи многу хранливи состојки. Многу лесно и брзо се прави, така што не мора дури ни да го вклучите шпоретот.

Наутот е состојка која се користи во многу јадења и може да се комбинира со многу зачини. Може да се прават сосови и супи или да се комбинира со риба. Одличен е во салати со туна, домати или во зелените салати. Комбинации има многу, а ние ви предлагаме да направите посна крем салата со наут и да ни пишете во групата на Сѐ за храна како ќе ви се допадне.

посна крем салата со наут

 Состојки:

По желба може да се додаде:

  • кисели краставички
  • 1 лажица чиа семе
  • кршени алги нори.

Подготовка:

  1. Наутот исцедете го и исплакнете го. Ставете го во длабок сад. Со помош на виљушка изгмечете го до саканата конзистентност.
  2. Кромидот ситно исечкајте го и додајте го во садот со наут. Додајте ги сокот и кората од лимон и измешајте.
  3. Потоа додајте ги сечканиот целер, Витанезот и зачинете со морска сол, црн бибер и каенска пипер. Убаво измешајте за состојките да се соединат.
  4. Салатата декорирајте ја со гранчиња копар и послужете ја ладна или на собна температура. Уживајте во светот на вкусовите!

Неколку начини да ја послужите салата:

  • Салатата може да ја послужите во корпици од тесто или врз омилените крекери.
  • Одлично се вклопува и на парче леб со марула.
  • Може да направите врап (сендвич), така што салатата поставете ја врз листови марула, а потоа заролајте ги.
  • Бидете креативни и послужете ја врз подебели парчиња краставица, пиперки или тиквички… 

Ви предлагаме да прочитате: Печено сирење со рузмарин и лук.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: