Нема потреба ни за време на пости да се одрекувате од омилениот колач! Ви приготвивме посна кремаста ледена коцка со богат ванила фил и прелив од чоколадо! Уникатен рецепт креиран во кујната на Сѐ за храна со квалитетните производи на Витаминка. Сите добри нешта одат во пар, нели?
Сочна, мека и идеална за сечија трпеза. Ги почестивме најблиските и пријателите, а сите што ја пробаа го потврдија одличниот вкус. На вас останува само да ги следите инструкциите за подготовка, а доколку имате прашања, слободно пишете ни порака.

Состојки:
- 2 ½ чаши брашно
- 1 ½ чаша шеќер
- 1 ќесичка (3 грама) сода бикарбона
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 2 лажици какао
- 3 лажици Брилијант масло
- 2 чаши газирана вода
- 5 лажици мармалад од праска.
За прелив:
- 300 мл вода
- 150 грама шеќер.
За фил:
- 1400 мл вода
- 600 грама шеќер
- 2 кесички прашок за пудинг од ванила
- 8 лажици брашно
- 2 кесички ванилин шеќер
- 250 грама маргарин на собна температура.
За глазура:
- 200 грама посно чоколадо за готвење
- 2 лажици Брилијант масло
- 2 лажици вода.

Подготовка:
- Во длабок сад ставете ги брашното, шеќерот, содата, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и какаото. Измешајте ги состојките со лажица.
- Во садот додајте ги маслото, водата и мармаладот. Измешајте за да се добие хомогена смеса.
- Правоаголната тава (бр.40) намрсете ја и набрашнете ја. Во тавата ставете ја смесата за колачот. Печете во загреана рерна на 220 степени за време од 20-25 минути. Печениот колач оставете го да се излади.
- Во меѓувреме започнете со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставете 1100 мл вода и 600 грама шеќер да се варат. Прашокот за пудинг, брашното и ванилиниот шеќер ставете ги во длабока чинија. Измешајте ги и додајте 300 мл вода. Во зовриениот шеќерен сируп додајте ги пудинзите. Варете 2-3 минути додека пудингот се згусти. Тенџерето тргнете го од огнот и оставете го пудингот да се излади.
- Во тенџере на оган ставете 300 мл вода и 150 грама шеќер. Штом шербетот зоврие, варете уште 2-3 минути. Со топлиот шербет потурете го изладениот колач.
- Во сад за матење ставете го маргаринот и изматете го. Во садот постепено додавајте од изладениот пудинг. Миксирајте додека добиете хомоген фил, а потоа нанесете го врз колачот.
- Чоколадото растопете го на пареа. Во садот со растопеното чоколадо додајте ги водата и маслото, и измешајте. Глазурата ставете ја врз филот. Оставете го колачот во фрижидер со времетраење од најмалку 2 часа. Потоа исечете парчиња и послужете. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Совет плус: Колачот може да го приготвите еден ден порано, а потоа да го служите. Така ќе се соединат вкусовите и ќе се добие најдобар колач.
Овој и многу други вкусни рецепти можете да пронајдете во готвачот со посни рецепти, кој го приготвивме во соработка со Витаминка. Готвачот со посни рецепти е подарок во промотивното пакување со три мармалади од Витаминка.

Ви предлагаме да прочитате: Атлантис торта – слатка морска идила за сечиј вкус.
*Спонзориран рецепт