Ако сте љубител на печива тогаш немојте да се двоумите да ја подготвите вкусна декоративна посна погача. Освен што одлично изгледа, оваа посна погача од нашата пријателка од блогот Trydiani, е збогатена со ароматичниот вкус на босилек, рузмарин, лук кој е дополнет со карактеристичниот вкус на маслинките. Вреди да се проба!

Состојки:
- 1 ½ чаша бело брашно тип 500
- 1 до 1 ¼ чаша интегрално и ‘ржано брашно во однос 60/40
- 1 чаша вода
- 7 грама сув квасец
- 1 мала лажичка шеќер
- 1 мала лажичка сол
- 1 мала лажичка маслиново масло
- 2 до 3 ситно сечкани чешлиња лук
- 1 мала лажичка оригано
- 1 мала лажичка босилек
- 1 мала лажичка рузмарин
- 1 мала лажичка свеж магдонос
- 3 лажици маслиново масло
- ¼ чаша секани маслинки
- 1 лажици сечкани суви домати
- ½ мала лажичка сол.
Подготовка:
- Во сад за месење се ставаат брашното, солта, шеќерот, сувиот квасец и се мешаат.
- Во садот се додаваат маслиновото масло и водата, и се замесува тесто. Тестото убаво се меси, а по потреба се додава брашно.
- Од измесеното тесто се формира топка. Тестото се става во садот за месење, се покрива со кујнска крпа и се остава на топло место за време од 1 до 1 ½ час за двојно да нарасне.
- Од нараснатото тесто со помош на сукало се сучи правоаголна кора. Врз кората се нанесуваат ситно сечканиот лук, сечканите домати, маслинките, зачините и се формира ролна. Со помош на остар нож, по должината се засекува ролната на два дела. Потоа двата дела се преплетуваат во форма на венец.
- Формираната погача се става во тава обложена со хартија за печење и се остава да нарасне за време од 15 до 20 минути.
- Погачата се пече во претходно загреена рерна на 175 до 180 степени за време од 25 до 30 минути, додека порумени.