Посни бомбици со банани, кокос и чоколадо

На многумина, едно од омилените овошја им е бананата, па за нив припремивме вкусни бомбици. Рецептот е повеќе пати испробан во кујната на Марија Кочовска, лесен е за подготовка, а готовите бомбици со банани може да ги замрзнете и да ги користите по потреба.

Овие мали посни бомбици со банани, кокос и чоколадо, одлично се вкопуваат на трпезата за имендени, родендени и други куќни свечености. Поканете ги вашите деца, внуци или малечки пријателчиња и забавувајте се во припремата за овие слатки и вкусни задоволства.

бомбици со банани

Состојки:

  • 2 банани
  • 250 грама посни бисквити
  • 150 грама шеќер во прав
  • 50 грама кокос
  • 100 грама посно чоколадо
  • 100-200 грама посно чоколадо за чоколадирање
  • 2 лажици масло

Подготовка:

  1. Чоколадото изрендајте го, а бисквитите сомелете ги.
  2. Бананите исечкајте ги на кругови, ставете ги во плитка чинија, а потоа испасирајте ги со виљушка.
  3. Во длабок сад ставете ги ренданото чоколадо, бананите, бисквитите, кокосот и шеќерот во прав. Измешајте ги состојките за да добиете хомогена смеса. Доколку смесата е течна, по потреба додајте бисквити.
  4. Од смесата формирајте топчиња со големина на орев. Вака формираните бомбици ставете ги во замрзнувач за време од 1 до 2 часа, а најдобро е преку ноќ.
  5. Чоколадото растопете го на пареа. Во садот со растопено чоколадо додајте го маслото и убаво измешајте. Замрзнатите бомбици од банани прелијте ги со растопеното чоколадо и декорирајте ги по желба со чоколадни или шарени мрвици, мелени бисквити или ореви. На здравје!

Препорака од авторот:

Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

Може да те интересира: Чоколадни бомбици со лешници, рум и портокал.

Сподели: