посни вегански палачинки 1

Посни вегански палачинки

Сакате да пробате нешто ново и несекојдневно за подготовка? – Ви го препорачуваме рецептот за посни вегански палачинки. Сигурни сме дека ќе ги обожавате. Овој рецепт ни го испрати Валентина, наша читателка и членка во групата  Сѐ за храна

Меки и воздушести, а што е најважно, ваквите посни вегански палачинки се прават брзо и лесно.

посни вегански палачинки 2

Состојки:

  • 100 мл (до 120 мл ако сакате потенки палачинки) млеко од бадем
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1 лажичка мед
  • 2 лажички кокосово масло
  • кора и сок од еден лимон
  • 200 г бело брашно
  • 2 ½ лажички прашак за печиво
  • 1 ½лажичка семе од афион.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги сувите состојки, а потоа ставете ги и течните. Добро измешајте.
  2. Од вака подготвената смеса, со кутлача ставајте во претходно загреано тавче и формирајте палачинка.
  3. Секоја палачинка пржете ја по 20-30 секунди од двете страни. На здравје!

Совет плус:

Пред да ставате од смесата за палачинките претходно премачкувајте го тавчето со масло за да не ви се залепат.

Автор на рецептот: Валентина Пргомет.

Ви препорачуваме да прочитате: Воздушести палачинки од белки и овес.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: