Одлични се топли, а и ладни, премеки се! Малечки или големи, вие ќе одредите колкави сакате да бидат, важно е што со нивниот избор на состојки овие посни лепчиња со компир се многу вкусни.
Можете да ги комбинирате со некој солен намаз или со разни јадења, нудат разни можности!

Состојки:
- 600 гр брашно
- 1 компир (околу 250 гр)
- 10 лажици масло
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 1/2 коцка квасец (20 грама)
- околу 300 мл или по потреба топла вода
- 150 гр црни маслинки исчистени од семките.
Подготовка:
- Компирот измијте го и ставете го да се вари со се лушпа додека омекне.
- Оставете го да се излади, излупете го и изгмечете го со алатка во пире.
- Квасецот растворете го со малку вода и шеќерот.
- Во сад за месење ставете ги брашното, пирето, квасецот, маслото, солта и со постепено додавање на водата замесете меко тесто.
- Додајте ги маслинките и повторно измесете за убаво да се распределат во тестото.
- Тестото покријте го со најлонска фолија и оставете го околу 30-минути за да нарасне.
- Потоа премесете го, направете 12 мали лепчиња и наредете ги во намрсен плех. Малите лепчиња оставете ги да нараснат дополнителни 30-тина минути.
- Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.
- Ставете ги да се печат околу 30 минути, да добијат црвенкаста боја. Печените лепчиња со компир и маслинки оставете ги кратко време да се изладат, а потоа послужете ги.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате:Печени посни пирошки со фил од компири.