Печени посни пирошки со фил од компири

Печени посни пирошки со фил од компири

Одлична идеја за полнети посни пирошки ни испрати нашата пријателка Диана од Бугарија. Рецептот за пирошките е едноставен, а како фил се користат варени компири, зачинети по вкус. По желба во филот може да додадете сечкани печурки, а ние ви предлагаме кисели краставички или маслинки.

Начинот на формирање на пирошките е поразличен, што ги прави лесни за изработка. Идеални се за слави, визити, родендени и други семејни прослави во време на пости. Инструкциите за подготовка на полнетите посни пирошки погледнете ги на сликата:

печени посни пирошки со фил од компири

Состојки:

  • 2 ½ чаши брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • ¾ чаши вода
  • ½ чаша масло
  • 7 грама сув квасец.

За фил:

  • 3 варени компири со средна големина
  • 1 лажица масло
  • сол и црн пипер по вкус
  • индиско оревче по вкус
  • млад лук, магдонос или печурки по желба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад се става брашното, солта, шеќерот и сувиот квасец. Во садот се додаваат маслото, водата и се замесува меко тесто.
  2. Тестото се дели на два дела. Од секој дел, со сукало се сучи кора во форма на правоаголник со дебелина околу 3 до 4 мм.
  3. Филот се припрема така што компирите се пасираат и се додаваат зачини по вкус. На едниот крај на кората се нанесува од филот со компири (следете ги инструкциите на сликата). Кората се витка како ролат, кој потоа се дели на неколку делови, од кои се формираат пирошки. Пирошките се редат во тава обложена со хартија за печење.
  4. Рерната се загрева на 175 степени. Во загреаната рерна, пирошките се печат за време од 25 до 30 минути. Пирошките доколку печат повеќе време ќе бидат покрцкави, а доколку се печат помалку време, ќе бидат помеки. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Печени посни пирошки со фил од ајвар.

Сподели: