Посни праски колачи 1

Посни праски колачи

Време е за посни праски на трпезата! Овие колачи се без млеко и јајце, па слободно можете да ги правите и во деновите на пости. Меки се и кревки, ќе ви се допаднат на прв залак!

Рецептот ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана и топло препорачуваме да го пробате.

Посни праски колачи 2

Може да ве интересира: Највкусните посни колачи со мармалад.

Состојки:

  • 1 чаша вода
  • 2 чаши масло
  • 2 чаши шеќер
  • околу 900 гр брашно + 4 лажици брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво (околу 2 лажички)

За фил:

  • мрвици од издлабените праски
  • околу 20 мл рум
  • 5-6 лажици џем од кајсии или сливи.

За декорација:

  • малку прехранбена боја за колачи (арома од малини и круши)
  • кристален шеќер по потреба.

Подготовка:

  1. Во длабока чинија измешајте ги водата, шеќерот, 4-те лажици брашно и прашокот за печиво.
  2. Оставете ги така околу половина час, па додајте го преостанатото брашно и замесете мазно тесто.
  3. Одделувајте по малку тесто и обликувајте топчиња.
  4. Обликуваните топчиња редете ги во плех за печење, кој претходно сте го обложиле со хартија, а при тоа оставајте доволно простор меѓу нив, бидејќи за време на печењето колачите ќе нараснат. Печете на 175 степени за време од 15-20 минути, внимавајќи бојата да им остане светла.
  5. Кога ќе се изладат, со помош на мала лажичка внимателно издлабете ги.
  6. Мрвиците од длабењето, фино иситнете ги, релијте ги со рум и додајте го џемот од кајсии или сливи. Смесата убаво соединете ја.
  7. Со припремениот фил пополнете ги издлабените делови и потоа спојте ги колачите по 2 половини.
  8. Во два садови турете по 1 чаша вода и додајте по неколку капки од екстрактот од малина и круша.
  9. На кратко спуштете ги во водата со арома, едната страна во црвената течност со екстрактот од малина, а другата страна во жолтата течност со екстрактот од круша. Веднаш потоа оставете ги врз кујнска хартија. Откако ќе го направите тоа со 3-4 колачи, извајлкајте ги во кристален шеќер и наредете ги во рамен сад за да се исушат. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Посни колачиња со фил од јаболка, рум и ореви.

Сподели: