Здраво и превкусно! Дали до сега си пробал фахити? Тоа е популарно мексиканско јадење кое се прави со пиперки и кромид, а се служи врз тортиља. Најчесто се прави со пилешко месо, но и оваа посно фахити со печурки е подеднакво вкусно!
Наместо со пржење е приготвено со печење, па ќе ви заштеди време при подготовката. Нутритивно богато со растителни влакна, витамините А и Ц, и железо, е идеално за секој член во семејството.

Состојки:
- 2 лажици ладно цедено сончогледово масло од Фила
- 2 лажици соја сос или ¾ мала лажичка сол
- 2 лажици свеж сок од лимон
- 2 чешниња ситно сечкан лук
- 1¼ лажичка мелен кумин
- 1 ¼ лажичка чадена пипер
- ¼ лажичка мелен црн пипер
- ⅛ лажичка лута буковска пипер или чили зачин
- 1 црвена пиперка
- 1 жолта пиперка (може да се замени со ½ мала тиквичка)
- 1 главица црвен кромид
- 300 г буковки – печурки
- 8 тортиљи.
По желба за сервирање:
- Авокадо или гвакамоле
- Посен мајонез
- Лимета
- Магдонос.
Подготовка:
- Започнете со подготовка на маринадата. Во длабок сад ставете ги маслото, соја сосот, сокот од лимон, лукот и зачините (по желба може да користите мексикански зачин или зачин за тако). Измешајте.
- Кромидот, пиперките и буковките исечете ги на ленти.
- Во тава ставете го зеленчукот и прелијте го маринадата. Измешајте и оставете го 30-тина минути. По желба, може и веднаш да го испечете.
- Рерната загрејте ја на 200 степени. Печете 15 минути, а потоа измешајте ги зеленчуците. Зголемете ја температурата на 225 степени и печете уште 20-25 минути, додека течноста испари. Печениот зеленчук оставете го кратко да се излади, а потоа послужете го.
- Послужете со тортиљи, авокадо или гвакамоле, посен мајонез, лимета и магдонос по желба.

Совети плус:
- Зачините може да ги замените со готов зачин за тако или мексикански зачин.
- Наместо црвена и жолта пиперка, може да користите зелена пиперка и тиквичка.
- Рецептот е подготвен со ладно цедено сончогледово масло, кое може да го користите и за салати. За замена може да искористите маслиново масло. Маслата од Фила може да ги најдете во поголемите маркети или да ги нарачете онлајн со 10% попуст кој трае до 13.03.2023.

Рецептот е овозможен од Фила, па заследи ги на Facebook и Instagram за да ги следиш сите тековни новости и акции.
Може да те интерсира: Лесен и вкусен намаз од 4 состојки.