Кога и да гледаме филм, да патуваме некаде или да прошетаме на планина или на ливада, убаво е да има што да се грицне. За крцкаво, вкусно и малку поздраво уживање, да избереме ржани грицки со семки.
Ржот содржи малку глутен, што е значајно за сите кои се осетливи на оваа состојки. Ржот е богата житарица со минерали како манган, селен, калиум, фосфор, магнезиум, железо и цинк. Покрај тоа, тој е одличен избор витамините од групата Б, како и витамин Е. Како и другите житарици богат е со растителни влакна кои се корисни за регулирање на варењето на храната, стабилизирање на шеќерот во крвта, а имаат позитивен ефект за намалување на холестеролот. Повеќе за неговите карактеристики може да прочитате тука.
Може да ве интересира: Посни грицки со сончоглед и сусам.

Состојки:
- 1,5 чаша ржано брашно
- 1,5 чаша бело брашно
- 200 гр сусам
- 150 гр чистени семки од сончоглед
- 100 гр ленено семе
- 1 лажиче сол
- 1 чаша масло
- 1 чаша пиво
- 1 (10 гр) прашок за печиво.
Чашата која е користена за мерење е од 200 мл.
Подготовка:
- Во сад се ставаат сите состојки и се замесува изедначено тесто.
- Потоа, на набрашнета површина се развлекува кора дебела околу 1 см и со калапчиња или со мала чаша се вадат форми. Ако сакате може да ги направите грицките и во вид на соленки.
- Готовите форми се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се печат во претходно загреана рерна на 190-200 степени за врмее од околу 20 минути. Одлични се кога се служат ладни со пиво!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Ржани триаголници со сушени домати.