рукола

Рукола – лековита билка и одлична салата

Лековитата рукола е медитеранска самониклива билка со зелени листови и по малку горчлив вкус. Во последните години многу се зборува за нејзиното корисно дејство за организмот, па употребата на руколата е се поголема.

Припаѓа на истото семејството како и брокулата и зелката, а во последните неколку години има стекнато многу голема популарност бидејќи е многу хранлива и лековита. Во главно се состои од вода, богата е со јаглени хидрати, протеини, калциум, магнезиум и ватамини А, К, Ц и Б комплекс.

Исто така содржи активни состојки кои имаат антиканцерогено дејство, кои делуваат позитивно на човековото здравје и спречуваат ризик не само од канцери, туку и од многу други болести. Руколата е посебно значајна во борбата против рак на дојката кој во денешно време е се позастапен.

Во свежа состојба најчесто се конзумира како салата, а исто така дава специфичен вкус во супи, чорби, рижото и преливи на база на домат. Доколку не го сакате овај карактеристичен вкус на руколата немојте да се откажувате од неа бидејќи е многу драгоцена за вашето здравје. Горчината на руколата можете да ја ублажите со кратко бланширање или со пржење во маслиново масло.

Рукола

Предлог рецепт за освежувачка салата со рукола

Состојки:

  • 2 китки рукола
  • 2 гранчина свеж босилек
  • 150 гр горгонзола
  • една рака ореви
  • 2 мали лажички цветен мед
  • малку сол
  • 1 мало лажиче сок од лимон
  • 100 мл маслиново масло.

Подготовка:

  1. Руколата се мие, ситно се сечка и се става во чинија за салата.
  2. Се додава босилекот и добро се меша.
  3. Во помал сад се меша медот, солта, сокот од лимон и маслиновото масло.
  4. Салатата се прелива со вака приготвениот сос, а од горе се ставаат издробените парчиња горгонзола и ситно сечканите ореви.

На здравје!

Сподели: