Направете вкусен ручек, подобар од рестораните! Благодарение на Невена, сега ќе може да приготвиме богат ручек или вечера, од свински шницли во сос од печурки, сервирани со прилог од ориз.
Таа вели дека рецептот е едноставен, а јадењето многу вкусно. Издвојте време и направете гурмански специјалитет.

Состојки:
- 8 средни свински шницли
- по потреба сол, црн пипер и мешан сув зачин
- по потреба брашно за валкање на шницлите
- 4-5 лажици масло
- 1 лажица путер.
За сос од печурки:
- 500 – 600 гр свежи шампињони
- 1 големо чешне ситно сечкан лук
- 2-3 гранчиња ситно сечкан магдонос
- 250 мл вода
- 1 лажица брашно.
За прилог од ориз:
- 1 чаша (150 мл) ориз
- 4-5 лажици масло
- ¼ мала главица кромид
- 3 ½ чаши (од 150 мл) вода
- по вкус сол, црн пипер и мешан сув зачин.
Подготовка:
- Во тава на оган, ставете го маслото да се загрее. Во тавата додајте гои ситно сечканиот кромид и оризот. Додајте ја водата и зачинете по вкус. Оставете го оризот да се вари додека течноста испари.
- Во меѓувреме шницлите зачинете ги со солта, црниот пипер и мешаниот сув зачин.
- Шампињоните исчистете ги и измијте ги. Потоа, исечете ги на тенки листови и оставете ги на страна.
- Во тава на средна температура ставете ги маслото и путерот да се загреат.
- Шницлите извалкајте ги во брашното. Во загреаното масло ставете ги да се пржат. Штом се запржени од едната страна, свретете ги да се пржат од другата страна.
- Пржените свински шницли извадете ги од тавата.
- Во тавата во која се пржеа шницлите, додајте ги шампињоните, сечканиот лук и магдоносот. Измешајте и додајте ја вода. Посолете, зачинете со мелен црн пипер и мешан зачин.
- Печурките оставете ги да се динстаат додека половина од водата испари. Потоа, додајте 1 рамна лажица брашно и измешајте. Додајте ги шницлите и оставете ги да поварат 3-4 минути колку да се спојат вкусовите. Во меѓувреме превртете ги 2 до 3 пати.
- Со додавањето на брашното, сосот ќе се згусти и ако е потребно додајте уште малку вода за да биде сочен. Свинските шницли во сос од печурки, послужете ги топли заедно со сварениот ориз.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Похувани свински шницли со прилог од зеленчук.