За вака убава и плус вкусна солена торта со пиперки секогаш има мотивација, а и желба за да се издвои малку време за нејзината подготовка! Штом ја предлага Невена, испробана е и ќе ни се допадне.
Сезоната на пиперки е одлична можност за да го подготвиме овој солен специјалитет. Да уживаме со семејството во вкусниот благодет кој го пружаат пиперките.

Состојки:
- 350 гр печени, лупени и сечкани црвени пиперки
- 150 гр сечкано јако сирење
- 100 гр сечкана шунка, печеница или свински врат
- 3 јајца
- 200 мл млеко
- 100 мл масло
- 260 гр брашно
- 10 гр прашок за печиво
- 1/3 мало лажиче сода
- 1/2 лажиче сол.
Подготовка:
- Јајцата, млекото и маслото изматете ги со жица да се изедначат. Потоа додајте ги пиперките, сирењето и шунката и измешајте. На крај додајте го брашното измешано со пецивото и содата. Додајте ја солта и измешајте со лажица да се изедначат. Смесата истурете ја во калап (30х11) намачкан со путер и посипан со брашно.
- Печете го во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 мин.
- Готовиот колач покриен со фолија оставете го во калапот неколку минути да се лади потоа извадете го и оставете го да до излади.
- Послужете го со јогурт или павлака.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Солен колач со црвени пиперки и домати.