Секој кој се заинтересирал за хроно исхраната, знае дека ова е еден од најпознатите хроно рецепти на нашите простори. Па, со големо задоволство конечно го споделуваме и рецептот за познатата солена хроно раванија!
Срдечна и голема благодарност до Виолета Златкова за рецептот, а исто така и до нашата пријателка Гордана Аџиева-Михајловска за одличната фотографија од нејзината хроно „раванија“. Уживајте пријатели.

A, eве што вели Виолета „Веднаш да напоменам, заедничко со раванијата е само начинот на сечење. Рецептот ми е скоро една година, во момент на голема криза за раванија. Ниту тогаш не се намали желбата, но барем излезе преубав рецепт за кој ми е криво што толку долго го немав пак направено. Првиот пат ја правев со спанаќ и младо сирење и морам да признаам дека со праз и урда ми е многу по вкусна. Филот можете по своја желба да го менувате.“
Состојки:
- 400 г ‘ржано брашно
- 250 мл топла вода
- 6 лажици маслиново масло
- 1 лажиче сол.
За фил:
- 3 страка праз
- 300 г изварка.
Подготовка:
- Се меша брашното со солта. Постепено се додава топлата вода со маслото и се меси меко тесто. Кога ќе одмори тестото околу половина час, се премесува пак и тогаш е полесно за работа.
- Додека стои тестото, може да го припремате филот. Доколку го правите со праз, пржете го на тивок оган и кога ќе биде готов, додајте ја урдата и измешајте.
- Тестото се дели на два дела и се сукаат две кори кои треба да се големи колку тавата во која ќе се пече. Рецептот е за тава број 28.
- Прво се става едната кора, па се нанесува целиот фил и се става втората кора.
- Пред печење исечете ја питата и наросете со сусам. Доколку сакате да има многу сусам, со влажни раце притиснете го за да се зелепи. Дури и да го оставите да падне измеѓу засечените парчиња, исто е вкусна.
- Се пече веднаш, за време од околу 40-50 минути, на температура од 200 степени. На здравје!
Рецептот го испратил: Виолета Златкова, hronorecepti.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Хроно лепчиња со семиња.