Солен тарт со фил од тиквички 1

Солен тарт со фил од тиквички

Овој солен тарт со фил од тиквички е многу лесен за јадење и не е тежок за работа. Најдобро е што е рецептов е доста здрав и можат да го јадат и мали дечиња после наполнета една година. Проверено и од искуство потврдуваме и препорачуваме!

Пред да почнете со читање на рецептот би сакале да споделиме неколку препораки. По желба може да го менувате филот, иако овој предложениот откако ќе се излади е совршен за сечење. Што се однесува на месењето на тестото наместо со раце како што е опишано, може да го правите со миксер. Ќе уживате во секој залак, тоа гарантираме!

Солен тарт со фил од тиквички 2

Состојки:

За тесто:

  • 80 гр брашно
  • ¼ лажиче сол
  • 1 јајце
  • 100 гр путер (доколку немате може и маргарин)
  • 1 лажица ладна вода.

За фил:

  • Половина тиквичка
  • околу 50 гр сирење
  • околу 50 мл павлака
  • 1 јајце.

Подготовка:

  1. Во сад за месење се ставаат сите состојки за тесто и се месат убаво со раце.
  2. Откако добро се измеси, тестото се става во најлонска ќеса и се остава да стои во фрижидер околу 20-30 минути.
  3. Изладеното тесто се расукува, , убаво со раце, врз тава за тарт бр 24.
  4. Така припременото тесто заедно со тавата се остава повторно околу 20 минути во фрижидер, а потоа се става во загреана рерна на 250 степени околу 5 минути и уште 15 минути на 200 степени, пред да го додадете филот. (Напомена: за да не се подига дното на тартот убаво е да се стави нешто тешко врз него обложено со фолија, на пр некој стар сад за да тежи.)
  5. Подготовка на фил. Тиквичката измијте ја, излупете ја и исечкајте ја на коцки.
  6. Во садот со тиквичката дојдајте го сирењето, павлаката и јајцето, па сите заедно изблендирајте ги и турете ги во тавата со тестото кое е малку запечено.
  7. Откако ќе го додадете филот, печете уште околу 15 минути, додека тартот добие убава боја.

Рецептот го испратил: Конзулката Билјана.

Ви предлагаме да прочитате: Палачинки со фил од тиквички и кашкавал.

Сподели: