опаѓање на коса

Спречете го засиленото опаѓање на косата

Засиленото опаѓање на косата е проблем кој може да се јави во било која доба од животот. Ќелавоста може да биде наследна или стекната, која се јавува како резултат на агресивни козметички препарати, несоодветна исхрана, стрес, ненадеен шок, хронична настинка, грип, анемија и други состојби во организмот.

Иако се смета дека опаѓањето на косата е најчесто проблем на мажите, во последно време со овој проблем се соочуваат се поголем број на жени. Речиси 40% од женската популација до својата 40-та година имаат видливо проретчување на косата. Секој ден од косата опаѓаат од 80 до 100  влакна, кои во наредните месеци се заменуваат со нови. На тој начин косата го задржува својот волумен. Но, доколку забележите дека опаѓањето на косата е засилено, добро е навремено да се реагира и да се побара стручна помош.

Коренот станува се потенок и косата започнува да се опаѓа од фронталниот дел на главата, а често се јавува и проблем со прекумерно мрсење на истата. Опаѓањето продолжува кон темето, а со текот на времето косата опаѓа на поголема површина од главата. Ова опаѓање е резултат на ефектот на андрогените хормони и најчесто се јавува кај мажите.

опаѓање на коса

Исхраната како причина за опаѓање на косата

Исхраната е значајна за убава и цврста коса. Дури и делумен недостаток од некоја хранлива компонента може да предизвика опаѓање на косата. Недостаток од витамин Б6, фолна киселина или железо може да доведе до опаѓање на косата. Кога потребите на организмот со овие витамини и минерали се задоволат, косата започнува нормално да расте. Затоа при опаѓање на косата се препорачува да се јаде храна богата со витамините од групата Б, цинк и железо. Најдобри извори на овие витамини и минерали се пченица, овес, лук, праз, зелка, леќа, лешници, ореви, соја, пивски квасец, ленено семе. Овие намирници го активираат клеточниот метаболизам на косата и влијаат за побрз раст.

Од чаевите се препорачуваат:

За да го намалите опаѓањето на косата, освен исхраната, спијте доволно, намалете го стресот, имајте прошетки во природа, а песимизмот заменете го со оптимизам. Позитивните промени ќе делуваат на вашето тело, кожа и коса.

Ви предлагаме да прочитате: Најстар лек против опаѓање на косата и за раст на нови влакна.

Сподели: